Ол-стар натпреварот заврши, а играчите од овие простори не беа воодушевени што мораа да учествуваат во тој циркус.
Никола Јокиќ јавно кажа дека „не е играч за вакви натпревари“, а Лука Дончиќ не криеше дека едвај го чека крајот за да замине на мини-одмор!
Тој го чекаше тоа, а веднаш по завршувањето на Ол Старот во Јута, полета на море со својата девојка, убавата Анамарија Голтес. Сепак, тоа не било Мексико, како што пренесуваат американските медиуми, туку Словенецот се упатил кон Јадранското Море.
Тој на својот Инстаграм профил објави слика од брегот, а напиша дека е на островот Крк, еден од најубавите во Јадранското Море. И тој патуваше заедно со оваа убавица:
Дончиќ одигра само 19 минути на Ол Старот, даде само четири поени и јасно беше дека не сака да игра на овој меч. Го чека плеј-офот заедно со Кајри Ирвинг, но изгледа едвај чекаше мала пауза.
Сезонава играше редовно 40 минути, а претходно беше на Мундобаскетот со Словенија и немаше време да се регенерира, особено ако се земе предвид дека за репрезентацијата играше повреден.
А еве каде моментално одмора Дончиќ….
The post (ФОТО) Дончиќ ,,побегна,, од Ол Старот поради ова – Сите го чекаа во Мексико, а тој замина на Јадранот! first appeared on .
Powered by WPeMatico