Меси направи план за крај на кариерата – Богатите шеици неможат повеќе да го плаќаат Аргентинецот!

Сподели

Loading

Лионел Меси по втор пат во кариерата ја доби наградата на ФИФА за најдобар играч во светот за 2022 година.

Аргентинскиот фудбалер ги победи Килијан Мбапе и Карим Бензема, кои влегоа во кратката конкуренција за оваа награда.

Меси во 2022 година за прв пат во кариерата го освои Светското првенство и со тоа, според мислењето на многумина, стана најдобар фудбалер на сите времиња.

Ова беше негова втора награда The Best, а првата ја освои во 2019 година. Само Роналдо има две вакви награди, а заедно со седумте „Златни топки“, Меси ја комплетираше најимпресивната и најбогатата ризница на индивидуални награди во историјата на фудбалот.

Се поставува прашањето кој е следниот чекор во неговата кариера со оглед на тоа што има 35 години, а угледниот шпански писател Гилем Балагу пишува како би можела да изгледа иднината на аргентинскиот волшебник.

Преговорите со ПСЖ заглавија

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на 30 јуни. Луис Кампос како спортски директор на клубот веќе извесно време преговара со Хорхе Меси, таткото на славниот фудбалер. Во овој момент преговорите се во застој.

фото: PROFIMEDIA

Имено, Меси ја покажа сета своја желба да остане во Париз. Има голема желба да игра фудбал на елитно ниво, да освојува трофеи и да биде конкурентен во Лигата на шампионите. Проблемот лежи во неговите финансиски барања.

Инсајдер на Барса го негираше интересот на Блауграна

По неговото пристигнување во ПСЖ, во договорот беше вклучена клаузула за потенцијално продолжување на уште една година, до летото 2024 година.

Во моментов нема договор бидејќи сопствениците на клубот сакаат да му ја намалат платата на Аргентинецот за цели 30% за да го задоволат финансискиот фер-плеј. Запомнете, платата на Меси е околу 30 милиони евра годишно.

Една од опциите што се споменуваше беше враќањето во Барселона, а тренерот на Блауграна, Чави, постојано јавно кажа дека вратата од „Камп Ноу“ е секогаш отворена за Меси.

Според каталонските медиуми, претседателот на Барселона Жоан Лапорта се сретнал со Хорхе Меси, но тие не разговарале за враќање во Барселона, туку за други работи.

Меси прво оди дома, а потоа во МЛС?

Балагу наведува дека Меси има јасен план во случај да не успее да се договори со ПСЖ. Според неговите зборови, тој накратко би се вратил во Њуелс Олд Бојс, клубот од родниот Росарио каде што започнал да игра фудбал како дете.

Тој би останал таму шест месеци и веројатно ќе игра за некоја симболична сума додека го чека почетокот на сезоната во МЛС.

По половина година минати во Аргентина ќе се пресели во САД. Поточно, во Интер од Мајами, каде би можел да му се приклучи поранешниот соиграч од Барселона, Серхио Бускетс.

Тренер на американскиот клуб е поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил.

„Сакаме да внесеме големи ѕвезди и играчи во лигата. Доведувањето на Бускетс и Меси целосно би ја променило лигата и перцепцијата за неа“, изјави Невил претходно оваа недела.

The post Меси направи план за крај на кариерата – Богатите шеици неможат повеќе да го плаќаат Аргентинецот! first appeared on .

Powered by WPeMatico