Калина МАЛЕСКА
Во својот расказ „Оние кои заминуваат од Омелас“, Урсула Ле Гвин го опишува среќниот живот на граѓните од утопискиот град Омелас. Улиците се големи, жителите се богато облечени, домовите се пространи, нема сиромашни, сите имаат сè што им е потребно, сите се среќни. При крајот на расказот, опишана е цената за оваа среќа: во еден тесен подрум, со заклучена врата и без прозорци живее изгладнето детенце. Детенцето ги гледа двете метли во еден агол и се плаши од нив, но не може да избега бидејќи вратата е секогаш заклучена, освен еднаш во неколку дена кога некој ќе дојде и набрзина ќе му фрли малку храна и вода. Тогаш детето го моли дојденецот да го пушти и ветува дека ќе биде послушно. Но никој не го пушта. Задникот и ноџињата на детенцето му се разранети бидејќи постојано седи во својот измет. Луѓето од Омелас знаат дека нивната среќа и удобност, како и убавината на нивниот град зависи од несреќата на детето – и го прифаќаат тоа. Само понекогаш, ретко, некој жител ќе замине длабоко во ноќта од Омелас и никогаш нема да се врати.
Во расказот на Ле Гвин не е дадена никаква логична причина зошто среќата на жителите од Омелас би зависела од несреќата на детето. Но кога човек живее во Македонија, ваква причина не е ни потребнаВо расказот на Ле Гвин не е дадена никаква логична причина зошто среќата на жителите од Омелас би зависела од несреќата на детето. Но кога човек живее во Македонија, ваква причина не е ни потребна, бидејќи преносното, симболично значење на расказот веднаш станува јасно. Богатството на дел од членовите на владејачката партија, добиено низ корупција, зделки склучени со мито, низ поставување функционери, директори и службеници врз основа на познанство и партиска послушност место стручност и компетентност, зависи од бедата во која треба да се втрунат другите граѓани на државата (кои во расказот на Ле Гвин ги симболизира детето) за да може министри, вајари, директори, архитекти, новинари, судии и други граѓани блиски на власта да живеат во пространи домови, да бидат богато облечени, да имаат сè што им е потребно.
Какви катастрофални последици може да има некомпетентноста и корумпираноста се виде за време на поплавите, кои предизвикаа човечки жртви заради, како што слушнавме од експертите, запуштени дренажни канали полни со шут, соголените падини на Скопска Црна Гора, сообраќајници изградени без канали за истекување на водата. Но човек и не треба да биде експерт за да сфати, од сликите на оштетената обиколница, дека оштетувања од такви размери не би смееле да се случат од поплава. Каде е отиден огромниот износ наводно потрошен за обиколницата? Секоја незаконска провизија, секоја исплата на прекумерна сума што ја добиле соработниците на власта а притоа не ја извршиле стручно работата е стекната по цена на мртвите тела на нашите, и нивни, сограѓани кога се случуваат вакви трагедии. А во помалку екстремна ситуација, богатењето од провизии и прекумерни исплати е стекнато со газење врз животот под секој цивилизациски стандард на уште стотици илјади сограѓани.
Текстот во целост прочитајте го тука