Собранието го усвои Законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, за што гласаа 87 пратеници.
Со овие законски измени се зголемува лимитот за поврат на ДДВ во еден квартал од годината. Поточно, највискиот дозволен износ кој може да се врати на едно физичко лица за едно календарско тримесечје како право на поврат на дел од данокот на додадена вредност се зголемува на 2.100 денари.