ПРОЕКТ “КОКИНО-МАКЕДОНСКИ БРЕНД” СО ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ

Сподели

kokino

Во рамките на проектот „Кокино-македонски бренд“ во недела на 21 август на локацијата на мегалитската опсерваторија Кокино која според НАСА се наоѓа на високото четврто место на најстарите опсерватории во светот,  ќе се реализира културно-едукативен хепенинг насловен „Кокино-Тврдина на сонцето“.

Како дел од програмските активности кои ќе започнат во 17 часот, за посетителите бидат организирани едукативни тури до опсерваторијата, ќе се одржат и повеќе работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, а паралелно ќе се одвиваат и предавања од областа на астрономијата. Во вечерните часови со почеток во 19 часот ќе се одржи поетско читање по што следува музичка програма во чии рамки ќе настапат Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски. Настанот планирано е да заврши околу полноќ со проекција на краткометражни филмски проекции во рамките на кино под отворено небо.

Настанот ќе биде од хуманитарен карактер и сите донирани средства од посетителите ќе бидат наменети за жителите од поплавените подрачја.