Вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница – Битола

Сподели

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити, по информацијата за починатото новороденче, ги откажа сите свои ангажмани и денеска ја посети Клиничката болница Битола, за на лице место да увиди што се случило. Истовремено, министерот се сретна и со родилката и изрази длабоко сочувство.  

Директорот на болницата, д-р Александар Обедниковски изјави дека во текот на породување настапила брадикардија, која покрај срцево-белодробно оживување е констатирана смрт. Од директорот е даден налог за обдукција.

По налог на министерот утре ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на текот на лекување на починатото новороденче.