На 30 мај, со почеток во 19:00 часот, во НУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, во големата сала-сутерен, ќе биде отворена осумнаесеттата завршна изложба на дела изработени од членови на ликовното студио „Арс вивенди“, под менторство на академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски и ќе бидат доделени дипломи за учебната 2022/2023 година.
Во ликовното студиото „Арс вивенди“ членовите се изразуваат креативно користејќи различни ликовни техники. Оваа година на завршната изложба ќе бидат изложени дела работени во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж.
„Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ е мото на студиото коешто осумнаесет години го покажува правецот на работата на ова ликовно студио.