Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лагите објавени во порталот Нетпрес за наводно, како што пишува порталот, вадење на син на висок функционер на МВР од наркоинцидент во кој настрадал полицаец.
Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало вадење ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран син на висок функционер во случајот. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува. Бараме порталот Нетпрес да ја повлече дезинформацијата и да го објави овој демант.