Промоција на стихозбирката „Добрината ги раздвојува денот и ноќта“ од Марија Дејановиќ (Хрватска), Петок, 23.06.2023 г., од 20:00 часот во Младински културен центар ‒ Скопје
Промотор: Ѓоко Здравески, Модератор: Јулијана Величковска
Петок, 23.06.2023 г., од 20:00 часот во Младински културен центар ‒ Скопје.
Изданието е поддржано од Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска.
‒ Станува збор за третата збирка од поетесата што веќе се покажа (а со новиот наслов и го потврди тоа) како еден од најинтересните регионални поетски гласови. Се наоѓаме пред творба со нагласено поотворен и покомуникативен тон отколку што беше нејзиниот првенец „Етика на лебот и коњот“, во која во автобиографски и наративен тон се зборува за односот на просторот и идентитетот, за заминувањата и доаѓањата, за прашањето за потеклото и свртувањето кон минатото и барањето одговор во рекапитулацијата на сегашниот и минатите мигови ‒ Никола Јелинчиќ.
‒ Марија Дејановиќ […] успева да го одржи високото ниво на квалитет на својата поезија, не одрекувајќи се притоа од силната мелодичност и впечатливите поетски слики, кои сега се неретко нурнати во топлиот медитерански штимунг, проникнати со подлабока (благо еротизирана) атмосферичност, со боите на морето, рибите, портокалите и сонцето. Нејзиниот осамен субјект посоголено се конституира во својата постојана недофатливост и во потрагата по сопствениот идентитет, созревајќи кога е збор за односот кон љубеното битие, ама не прифаќајќи ги, сепак, илузиите на апсолутното или вечното припаѓање ‒ Зорана Симиќ.
Марија Дејановиќ (1992, Приједор). Пораснала во Сисак, живее и работи во Загреб и во Лариса. Во 2018 г. ги објавува книгите „Етика на лебот и коњот“ (награда „Горан“ за млади поети и награда „Квирин“ за млади поети) и „Средишен год“ (награда „Здравко Пуцак“). Во 2021 г. ја објавува стихозбирката „Добрината ги раздвојува денот и ноќта“ (Sandorf; најтесен избор за наградите „Тин Ујевиќ“ и „Авдина окарина“), а книгата е објавена во Србија (Treći trg, 2022) и во САД (Sandorf Passage, 2023). За одделни песни ги добила и наградите „Мило Бошковиќ“ (2021), “DiBiase Poetry Award” (2021), “Castello di Duino” (2022), како и наградата „Марин Држиќ“ за 2020 г. за драмскиот текст „Не мораме веќе да зборуваме, сите си заминаа“.
Тријазични избори од нејзината поезија се објавени во Грција (Kyklos Poiiton, 2020) и во Германија (Hausacher LeseLenz, 2022), одделни песни ѝ се преведувани на дваесетина јазици, а во подготовка е и изданието на „Добрината ги раздвојува денот и ноќта“ во Грција.
Тријазични избори од нејзината поезија се објавени во Грција (Kyklos Poiiton, 2020) и во Германија (Hausacher LeseLenz, 2022), одделни песни ѝ се преведувани на дваесетина јазици, а во подготовка е и изданието на „Добрината ги раздвојува денот и ноќта“ во Грција.
Таа е заменик-директорка на „Тесалискиот поетски фестивал“ и членка на уредништвата на списанијата „Тема“ и „Либартес“. Членка е на Хрватското друштво на писателите, на Хрватскиот ПЕН центар и на европската поетска платформа „Версополис“.