Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“

Сподели

 

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е осуден на затворска казна од 8 години за случајот „Софтвери“, а за виновни се прогласени и останатите шест обвинети чии затворски казни се движат од 3 до 5,5  години затвор

 

  • Драги Рашковски – осум години затвор
  • Ивица Димитровски – пет годни затвор
  • Игор Христов – пет години и шест месеци
  • Даниел Станчев – четири години затвор
  • Ирена Ивановска – три години и шест месеци
  • Игор Ивановски – три години
  • Маја Силјановска – три години

 

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.