Осуда за вандалскиот чин на подмладокот на Левица во „Парк Украина“ во Чаир

Сподели

 

Црвената Младина, подмладокот на „Левица“, објави дека некогашниот парк на народните херои го преименувал од „Украина“ во „АСНОМ“.

“Општина Чаир и јас како нејзин градоначалник најостро го осудуваме вандалскиот чин на таблата со името Парк Украина која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект.
 
Оценуваме дека ова е исклучително низок чин кон мирољубива вредност како што е паркот Украина, што го промовиравме пред неколку недели заедно со Украинската амбасада во земјава.
 
Случајот веќе го пријавивме до органите на редот и бараме што поскоро да се откријат сторителите и да ја добијат заслужената казна”, изјави Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.