Во рамки на музичката програма на „Охридско лето 2023“, денеска 7 август, понеделник, свој настап ќе има пијано – дуото „Гелебешеви. Тие пред фестивалската публика ќе настапат со дела на Дебиси, Шуберт, Рахмањинов и Шостакович. Концертот ќе се одржи во „Света Софија“ со почеток од 21 часот.
Дуото го сочинуваат двајца истакнати македонски пијанисти, Катерина Костадиновска -Гелебешева и Глигор Гелебешев. Тие поседуваат богати и разновидни уметнички сензибилитети, обединети во успешна хомогена целина – Пијано- дуо „Гелебешеви“ е препознатливо на концертната сцена по уникатниот творечки перформанс, специфичен за изразито талентирани и врвно подготвени уметници што со своите инспиративни интерпретации умеат да го задржат вниманието и на најпребирливата публика.