ВЛАДАТА БАРА ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ПРИ НЕПОГОДИ, БЕЗ ДА СЕ ПРАВИ РЕБАЛАНС

Сподели

sobranie4

Во Собранието денеска ќе се расправа по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет. Новина е тоа што Владата бара во време на непогоди да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс.

Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни ситуации, како што е сегашната.

„Во случај на постоење на кризна состојба, одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до пет проценти од постојните буџетски средства на министерствата и на другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности, за разлика од другите случаи кога одлучува Собранието на Република Македонија“, стои во образложението за измените на Законот.

Опозицијата обвинува дека ова е уште еден начин за нетранспарентно трошење на парите.

meta.mk