Во НБА лигата се одигра првиот натпревар од финалето на западната конференција помеѓу Голден Стејт и Оклахома.
Можеби и неочекувано но кошаркарите на Оклахома направија изненадување и нагости го совладаа шампионот со 108-102 за 1-0 во победи.
Расел Вестбрук ја предводеше Оклахома постигна 19 од своите 27 поени во третата четвртина и му помогна на тимот да ја анулира негативата од 14 поени.
Решавачка беше последната четвртина во која Голден Стејт постигна само 14 поени.
Вестбрук имаше и 12 асистенции и 7 украдени топки. Кевин Дурент забележа 26 поени и 10 скокови, и ги постигна клучните поени на 30 секунди до крајот на натпреварот.
Центрите Стивен Адамс и Серж Ибака постигнаа по 16 односно 11 поени со по 11 скокови, а двоцифрен беше и Дион Вејтерс со 10 поени.
Кај Голден Стејт, Стеф Кари даде 26 поени, 10 скокови, 7 асистенции, Клеј Томпсон 25 поени, 9 скокови и Дрејмонд Грин 23 поени. Вториот меч се игра повторно во Оукленд утревечер.
Вечерва се игра првиот натпревар од финалето на источната конференција каде се среќаваа Кливленд и Торонто, каде Кавси се домаќини на првите две средби.
Инсерти од мечот…
The post Изненадување во Оукленд… Оклахома го победи Голден Стејт за 1-0! appeared first on Спорти.
Source: Sporty