Министерството за надворешни работи соопшти дека досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во силниот земјотрес што го зафати централниот дел на Италија.
Оттаму велат дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија.
„ – За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани што во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија“, посочуваат од Министерството за надворешни работи.
МНР изрази длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во земјотресот.