СЕ` ЗА БЛИТВАТА

Сподели

Зелено листестата блитва е зеленчук кој се одгледува ширум медитеранот, содржи  многу малку калории и масти, а голема количина на растителни влакна, па е одлична храна која го регулира нивото на холестерол во организмот, а уште повеќе телесната тежина.

1426511694_7164

Покрај тоа, блитвата содржи бројни фитонутриенти кои делуваат превентивно на многу заболувања. Таа е еден од најдобрите растителни извори на витамин К, во 100 грама содржи 7 пати поголема количина од дневно препорачаниот внес. Витаминот К игра улога во одржувањето на здравјето на коските, а кога исхраната го има во доволни количини тој помага во заштита на мозокот и превенција од оштетување на невроните, со што станува јасно разбирливо зошто блитвата се препорачува многу кај луѓе кои патат од Алцхајмерова болест.

Листовите блитва се одличен извор на антиоксиданси и витамин Ц (на 100 гр обезбедува 33% од препорачанатс дневна количина за витамин Ц). Блитвата е богата и со витамините од Б комплексот, како што се фолати, ниацин, витамин Б6, тиамин и пантотенска киселина. Богата е и со витаминот А и неговите прекурсори, односно антиоксидансите како што се бета-каротин, лутеин и зеаксантин.

Од минералите во блитвата и тоа во поголема мера се среќаваат бакар, калциум, натриум, калиум, железо, манган, кои ги има во доволна количина и влијаат позитивно во регулирањето на крвниот притисок, како и за формирање на црвените крвни зрнца. Исто така, учествуваат во формирањето на ензимот супероксид-дисмутаза кој делува против клеточна оксидација.

33.-blitva-krumpir

Она што е посебно интересно е дека блитвата е извор на омега 3 масните киселини.

За да го искористите најдоброто од неа, јадете ја свежа. Свежата блитва е најдобра и ја има од Јуни до Ноември.

Се смета дека со редовно консумирање на овој зелено листест зеленчук се постигнува значителна превенција од остеопороза, анемија причинета од недостаток на железо во крвта, се овозможуваат доволни количини на витамин А во организмот, како и превенција од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебелото црево.