Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска е предводиничка на делегацијата на РС Македонија во Женева. Делегацијата ќе земе активно учество на Регионалната конференција на UNECE/UNFPA – „Население и развој: Гарантирање на права и изборот“.
Конференцијата треба да придонесе кон оценувањето на напредокот во имплементацијата на акцискиот план креирана на Меѓународната конференција за население и развој во делот на Економската комисија на Обединетите нации за Европа како и Агендата за одржлив развој од 2030 година. Фокусот ќе биде на клучните активности за имплементација и ќе одговори на пошироките политички проблеми поврзани со три главни теми: динамика на населението и одржлив развој, семејства и сексуално и репродуктивно здравје во текот на животот и нееднаквости, социјална вклученост и права.
Тренчевска ќе се обрати на пленарната сесија која е во склоп на конференцијата.
Покрај активното учество на конференцијата планирано е министерката да оствари две билатерални средба со извршната директорка на UNFPA, Диен Кеита и со Министерот за труд и социјална заштита на Молдавија, Алексеи Бузу.