МНТ со претставата „Народен непријател“ вечерва гостува во Србија

Сподели

 

Македонскиот народен театар вечер на сцената „Бора Станковиќ“ во Врање ќе ја одигра претставата „Народен непријател“, по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ.  МНТ  е дел од овогодишниот XLII интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, на покана од селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), каде што во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана е и претставата „Народен непријател“.

Фестивалска програма ќе трае од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество“, а ќе учествуваат и театарски куќи од Србија,  Хрватска и од Романија.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.