Актерот Никола Ристановски ја освои наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра машка улога на 43. Меѓународен театарски фестивал „Борини театарски денови“ (Борини позоришни дани) во Врање, Србија.
Ристаноски наградата ја доби за улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар – Скопје.
Одлуката ја донесе жири комисијата во која членуваа Катерина Коцевска, актерка од Скопје, Душан Петровиќ, режисер и професор на ФДУ во Белград и Давор Шпишиќ, драматург и сценарист од Загреб.
МНТ беше дел од овогодишниот XLII интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, на покана од селекторот на фестивалот Слободан Савиќ (театарски критичар и уредник на РТС), каде што во официјалната програма од селектирани 70 претстави, одбрана беше е и претставата „Народен непријател“.
Фестивалска програма траеше од 21 до 28 октомври под слоганот „Театарот во трауматизираното општество“, а ќе учествуваат и театарски куќи од Србија, Хрватска и од Романија.