Во текот на вчерашниот ден (23.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 103 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.