ИЗЛОЖБА: “ПОМЕЃУ” на ИГОР ТОШЕВСКИ

Сподели

o

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 5 септември (понеделник) 2016 година, во 20 часот ќе се отвори изложба на Игор Тошевски со наслов “Помеѓу”.

Игор Тошевски спаѓа меѓу ретките уметници кои во континуитет се обидувале да одговорат на клучните актуелни прашања без притоа да паразитира врз медиумската еуфорија, туку пред сè се обидувал да отвори нов терен за промислување на пошироките импликации и јасно да го искаже својот став.

Проектот “Помеѓу” се развива и реализира токму во време кога се редефинираат националните приоритети, време во кое дебатите за улогата на уметноста сè почесто излегуваат на јавна сцена. Тоа е пред сè поради зголемената свесност за потенцијалот на уметноста и за нејзината (зло)употреба и, конечно, неизбежниот заклучок дека уметноста секогаш имала имплицитна или експлицитна политичка димензија. Овој проект отвoра можност тој да биде разгледуван низ призмата на актуелните прашања кои се појавуваат низ неговата генеза, поконкретно од 2012 година наваму, но и преку навраќање на доминантните постапки и стратегии кои ги користи Тошевски, особено од средината на 1990-тите.