24 часовен МВР Билтен

Сподели

 

На 17.02.2024 во 20.50 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(19) од с.Слатино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.  Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (18.02.2024) во 03.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.П.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.           

На 17.02.2024 во 16.00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(35) од с.Долно Седларце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 17.02..2024 во 23.05 часот на  подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Х.(23) од Скопје и Н.Ш.(24) од с.Студеничани, скопско. При преглед во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Ш., а сопатник бил А.Х., била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                          

На 17.02.2024 во 22.00 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ја лишиле од слобода Р.Д.(19) од Велес затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2024 во 22.30 часот на улица „8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(36) од село Доброшане, кумановско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, таблета екстази, грутчеста и прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 18.02.2024 во 00.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар во Скопје, полициски службеници Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 60 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за некористење на сигурносен појас, 13 мерки за управување под дејство на алкохол…

На 17.02.2024 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат во с.Челопек, тетовско, патничко возило „фолксваген бора“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговата сопатничка М.Б.(36) од Тетово, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

На 17.02.2024 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на на ул.„Првомајска“ во Валанадово, патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(58) од Валадново, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Гевгелија. Увид на местото извршила екипа од ОВР Валадново.

На 17.02.2024 во 15.10 часот во Полициската станица Драчево, Б.П.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.02.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(58) од Скопје пријавил дека  на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 17.02.2024 во 17.25 часот во Полициската станица Аеродром, Н.П.(33) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.