Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова оствари убедлива победа во првиот круг на претседателските избори. Сиљановска-Давкова освои 362.682, односно 40,08% гласови, додека актуелниот претседател Стево Пендаровски, доби поддршка од 180.306 избирачи (19,93%).
Тие ќе се соочат во вториот круг на 8 мај, кога паралелно се одржуваат и парламентарните избори.
На третото место заврши Бујар Османи со 13,36% гласови, додека Максим Димитриевски е четврти со 9,26%. Потоа следуваат Арбен Таравари со 9,21%, Билјана Ванковска-Цветковска со 4,55% и Стевчо Јакимовски, кој не освои ни 1% гласови.
Државната изборна комисија објави дека излезноста на изборите била 49,95%.
По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња, Државната изборна комисија ги објави резултатите од вчерашните избори.
Еве по колку гласови освоија кандидатите:
Стево Пендаровски – 180.306 | 19,93%
Гордана Сиљановска Давкова – 362.682 | 40,08%
Стевчо Јакимовски – 8.103 | 0,90%
Бујар Османи – 120.903 | 13,36%
Билјана Ванковска Цветковска – 41.172 | 4,55%
Арбен Таравари – 83.356 | 9,21%
Максим Димитриевски – 83.787 | 9,26%