ЕДУЛАБ-ВЕБИНАР-Тренинг за сајбер безбедност на едукатори II дел

Сподели

Почитувани едукатори и стручни соработници,

SmartUp – Social Innovation Lab ви го претстави новиот Тренинг за сајбер безбедност на едукатори.

“Поттикнати од континуираниот процес на учење и надоградување во полето на безбедност на интернет, го креиравме овој курс со цел полесно надминување на предизвиците и полесна адаптација на новите интернет трендови. Овој курс е само еден, но значаен чекор, во процесот на создавање системски решенија и механизми за справување со интернет заканите, поради што истиот вклучува заштита на личните податоци, справување со сајбер насилство, онлајн измами и промовирање етичко однесување на интернет.

Како учесници на ЕДУЛАБ-вебинарите, ќе имате можност:

✔️ да поставувувате прашања;

✔️ да имате консултации со предавачот;

✔️ да добиете сертификат за учество.

За #темата:

Темата на вториот ЕдуЛаб-вебинар е запознавање на едукаторите и стручните соработници со начините на безбедното онлајн однесување:

👉 Позитивна онлајн комуникација

👉 Препознавање и справување со кибернасилство

👉 Почит и толерантно однесување на интернет

👉 Критичко размислување со цел препознавање лажни информации и онлајн измами

👉 Развивање критичко размислување и анализа на онлајн информации

се главните теми што ќе бидат опфатени и дискутирани на овој вебинар.

За #предавачот:

Валентина работи како наставник по Македонски јазик во ООУ „Лазо Ангеловски“, Аеродром. Таа воедно е и училиштен администратор за ЕСАРУ, Е-дневник и НПУД. Како долгогодишен едукатор, учествувала во многу државни и меѓународни проекти поврзани со подобрување на наставниот процес и учествувала на повеќе домашни и странски конференции посветени на образованието. Валентина посетила и била предавач на многу обуки посветени на подобрување и унапредување на образованието.

#Како да го следам настанот?

За сите заинтересирани овозможено е настанот да се следи на два начина:

1. Онлајн, како учесник на вебинарот преку линк на платформата ZOOM https://tinyurl.com/4n8ne7fk или преку YouTube каналот на СмартАП https://www.youtube.com/@ngosmartup ;

2. Преку YouTube каналот на СмартАП:

– на македонски јазик: следува наскоро

– на албански јазик: следува наскоро

#Напомена: Иако следењето преку ZOOM дозволува до 500 учесници, останатите учесници ќе може целосно да го следат настанот и да се вклучат во дискусијата преку преносот во живо на СмартАП YouTube каналот. Учесниците ќе ги имаат истите овластувања и привилегии, без разлика дали го следат настанот преку YouTube или преку самата ZOOM алатка.

Со пријавата автоматски сте внесени во системот за настанот и ќе добиете потсетување за приклучување.

За #проектот:

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Тренинг за сајбер безбедност за едукатори”, имплементиран од страна на СмартАП – Лабораторија за социјални иновации, со финансиска поддршка од Амбасадата на САД.