Ковачевски-Стопанска комора: Идни економски мерки на СДСМ и предлозите за поддршка на бизнис секторот

Сподели

“Економијата останува еден од врвните приоритети и во четиригодишната програма на СДСМ и Коалицијата за европска иднина. На денешниот состанок со Стопанската комора на Северо-западна Македонија, разговаравме за досегашните и идните економски мерки на СДСМ и за нивните предлози за поддршка на бизнис секторот”, соопшти премиерот и лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

“Ја зголемуваме поддршката за домашните компании на 180 милиони евра, со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции ќе градиме уште поенергична економија. Ќе обезбедиме стабилен, праведен, ефикасен, даночен систем. Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата 600 евра.

СДСМ точно знае што прави и по кој пат треба да се движи државата за да имаме развиена економија и бизнис сектор, подобар животен стандард и задоволни граѓани. Нема да се откажеме од европскиот пат кој носи развиена и силна економија, здрав приватен сектор, напредна и просперитетна држава.”