Се работи храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“

Сподели

Скопската  епархија, при Македонската Православна Црква –  Охридска Архиепископија,  ја информира јавноста дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.

Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните  бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.

Инаку, новиот храм се гради  во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон  изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години.

Во продолжение следуваат фото-галерија и видео-инсерти од  храмот, како и изјава на отец Антонио Апостолоски од Скопската епархија поврзана со доизградбата на истиот.