„Циклус 19 II“ изложба на Христина Зафировска

Сподели

Во Културниот центар „Кочо Рацин“ во Кичево, денеска, 13 јуни (четврток), во 18:00 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Циклус 19 II“ на академската уметница Христина Зафировска, која е дел од програмата за обележување на патрониот празник на Центарот.

Христина Зафировска, преку своите дела, на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливо со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Таа досега реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се претставени во Германија, Франција, Бугарија, Турција, Њујорк и во повеќето градови во земјава.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.