Драмски театар Скопје со „Чудесна терапија” на Фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Сподели

НУ Драмски театар Скопје вечер  (4 октомври), со претставата „Чудесна терапија“, ќе настапи на 16. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Претставата почнува во 19:30 часот во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, а Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – град на културата за 2024“.

Претставата „Чудесна терапија“ е на редовниот репертоар на Драмскиот театар Скопје од 2019 година и на Фестивалот ќе биде нејзината 40 изведба.

Фестивалот започна на 29 септември и ќе трае до 5 октомври 2024 година. Организатор е Општина Крива Паланка, а селекторите и оваа година подготвија атрактивна фестивалска програма со претстави од неколку национални театри, како и претстави од регионот.

Крива Паланка, градот на културата за 2024 година, во периодот на одржување на Фестивалот ќе биде домаќин на ансамблите од: Драмскиот театар Скопје, МНТ, НТ при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, НТ при НУ ЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес, како и на театрите од соседните земји:  ГТ „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска; НТ „Серија“, Вршац и уметничка работилница „Призор“, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија, и Општински театар  Ќустендил, Република Бугарија.