Изложба на „Интригантни впечатоци – Колекцијата Енигма“ на Синиша Кашавелски

Сподели

Самостојната изложба „Интригантни впечатоци – Колекцијата Енигма“ на Синиша Кашавелски беше отворена вчеравечер во Уметничката галерија во Куманово. Кашавелски во Куманово изложува по 10-годишна пауза, последната самостојна изложба била во 2014 година.

„Избираме ретроспективни дела кои го прикажуваат мојот творечки опус во последните 10 години. На овој начин сакам да ја израдувам и да ѝ се оддолжам на домашната публика, и на овој начин да одбележам 30 години од мојата активна работа“, истакна Кашавелски.

Синиша Кашавелски е меѓу најдобрите десет реалисти во светот, а досега изложувал во: Франција, Германија, Италија, Шпанија, Њујорк, Сингапур, Пекинг… Тој е добитник на награди и признанија на многубројни интернационални конкурси, како што се: „Зимскиот салон“ во Париз, „Салонот на убави уметности“ во истиот град,  „Marchionni Prize“ во Сардинија, Италија, Гран при на „Art Eхpo“ во Венеција,  „Jumbish World Art Competition“ во Индија, во Рим и во Америка и многу други. Добитник е и на Ноемвриската награда на Куманово во 2022 година.

Изложбата се организира под покровителство на Министерството за култура и туризам и НУ Музеј Куманово.