Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска (19.12.) ја проследи симулациската вежба што во организација на Одделението за превенција на СВР Скопје а во соработка со скопската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Црвениот крст на РСМ на темата околу здравствените ризици од незаконската употреба на пиротехнички средства беше спроведена во центарот на Скопје на плоштадот „Македонија“ (во близина на „Порта Македонија“).
На вежбата на која што учествуваа и ученици од две скопски средни училишта – „Марија Склодовска Кири“ и „Владо Тасевски“ беа направени конкретни покази за сите здравствени ризици по оние што употребуваат приротехнички средства – пред се повреди на ектремитети (раце и нозе), повреди на глава и справувањето со истите.
Практично оваа активност е дел од континуираните превентивни активности на македонската полиција во различни сегметни од безбедноста и заштитата на сигурноста на граѓаните, што се одвиваат на подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР.
Обраќајќи им се на средношколците учесници во показната вежба директорот Јанев истакна дека пиротехниката ниту била ниту може да биде средство за забава или прослава, особено не за децата и младите, притоа посочувајќи ја точноста и секако важноста на пораката што средношколците ја упатија преку пригодно отпечатените плакати: „Стоп за петардите – опасни, штетни и ни малку „кул“!