Најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, минатиот јуни 2015-та година во организација на агенцијата КМГ Спорт го промовираше својот прв ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. Кампот се одржа во хотелот Аквалина во Охрид, кој нуди прекрасни услови за ваков тип на настани, одалечен на 5 км од Охрид во мирната населба Св. Стефан на брегот на Охридското езеро. Оваа 2016-та година нашите планови се кампот да биде интернационален и на него да патртиципираат 250-300 момчиња и девојчиња на возраст од 10-18 години од регионот но и пошироко.Кампот како проект е планиран да биде еден вид на база за селекција на млади играчи, на кои им е потребна надградба во секоја смисла на зборот (во делот на спортот, едукација за здрава исхрана, спортски бон-тон итн.).
Повеќе информации на http://www.kmgsport.mk/kamp-lazarov/NewsDetails/27.