По 48 часа обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство ја напуштија Управата за безбедност и контраразузнавање. Тие според информациите на Нoватв пред малку си заминале од УБК, а со себе ги зеле податоците од системот за следење на комуникациите, како што се податоци за Посебни истражни мерки (ПИМ) и книга за нивна евиденција. Односно, во рацете на СЈО сега се податоците кој наредил следење на комуникациите, со која цел и кое е лицето чиј телефон бил прислушуван.
Останува да ги земат уште податоците за кои пристап ќе им овозможи претставникот на фирмата Ериксон, чии што уреди се исто така поставени во УБК како дел од опремата за следење на комуникациите.
Во следните денови СЈО треба да ги добие и тие податоци.
текстот во целост прочитајте го тука