Синот на Субрата Рој на суд за неплатен закуп за земјиштето на Џумајлија

Сподели

subrata-roj-zoran-stavreski

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го тужи Сушанто Рој, синот на бизнисменот Субрата Рој за долг од 100.000 евра, односно за неплатен закуп за земјиштето Џумајлија.

Сушанто Рој и неговата фирма „Сахара пјур“ не платиле за закуп на 5.300 хектари земјиште, поранешна сопственост на агрокомбинатот Џумајлија од Лозово. Рочиштето во Основниот суд во Штип е закажано за почетокот на декември.

На земјиштето чие заорување го направија тракторите во кои се качија тогашните министри за земјоделство и финансии, Зоран Ставрески и Љупчо Димовски, беа посадени само неколку декари грашок. Подоцна грашокот немаше кој да го собере од нивата. Пропадна и бизнисот со регионалната млекара, каде директорот на „Сахара пјур“, А.П. Сина најави дека ќе се носи млекото од 20.000 крави во фармата што требаше да ја гради на некогашниот имот на Џумајлија, а министерот за финансии Зоран Ставрески со шампањ најави отворање на 2000 работни места.

Државата подоцна го раскина договорот што со фирмата на Субрата Рој, кој го склучи во 2013 година, а активирана е банкарската гаранција од три милиони евра.

Дел од некогашната плодна житница во Овче Поле е доделено на копманијата „Агрија“, додека за останатото земјиште нов концесионер се бара преку оглас.

meta.mk