АБРАХАМ ЛИНКОЛН: „НЕ МОЖЕТЕ ДА ПОБЕГНЕТЕ ОД УТРЕШНАТА ОДГОВОРНОСТ ИЗБЕГНУВАЈЌИ ЈА ДЕНЕС“

Сподели

 

„Создадени сме да мислиме мудро не од сеќавањето на нашето минато, туку од одговорноста за нашата иднина“ – Џорџ Бернард Шо
„Не можете да побегнете од утрешната одговорност избегнувајќи ја денес“ – Абрахам Линколн

„Морате да преземете лична одговорност. Не можете да ги менувате околностите, годишните времиња или ветрот, но можете да се промените себеси. Ова е нешто за кое сте задолжени“ – Џим Рон

„Херој е некој кој ја разбира одговорноста која доаѓа со неговата слобода’ – Боб Дилан

„Најубавиот подарок кој можете да му го дадете на вашето дете се корените на одговорноста и крилјата на независноста“ – Денис Вејтлеј

„Ако преземете одговорност за себеси ќе развиете глад за реализирање на сопствените цели“ – Лес Браун

„Потребно е да преземете одговорност за начинот на кој се претставувате себеси. Но не треба да гледате на вашиот изглед, ниту на тоа дали сте убави или грди, бидејќи тоа не е достигнување“ – Кристофер Риф

„Вистинското образование цвета во моментот кога радоста се заљубува во одговорноста“ – Филип Пулман

„Ако сакаме да се ослободиме себеси, мора да ја избереме слободата и одговорноста која ја налага таа“ – Лео Бускаглиа