Александров: Владиката Петар призна дека сака да го приграби имотот во Австралија

Сподели

igor-aleksandrov

„Владиката Петар, кој е недостоен за неговиот чин, со изјавата од минатата недела дека сите цркви ќе ги стави во една компанија, призна дека 20 години води скандалозна хајка за приграбување на имотите на македонските православни заедници во Австралија“, изјави Игор Александров, претседател на македонските заедници во таа земја.

Тој го повика Синодот на МПЦ „да стави крај на ваквото девалвирање на устројството и на угледот на МПЦ“ и да го повлече и расчини Петар од Австралија. Александров потсети дека според уставот на МПЦ, македонските православни заедници треба да бидат здруженија на граѓани, а не приватни бизниси.

– Петар непотребно потроши 20 милиони долари за безуспешни судски спорови за приграбување на црковни имоти, нивно регистрирање на име на приватни лица, вклучувајќи се себеси и два попа назначени од него. Во исто време, тој ја лаже јавноста дека епархијата на Тимотеј и црковните општини што се во неа се незаконски и нецрквени, туку се компании – изјави Алексадров.

Инаку, владиката Петар минатата недела најави дека и неговата епархија во Австралија ќе ја регистрира како компанија.

meta.mk