Во понеделник, Судскиот совет ќе треба да одлучи кој ќе ја врши претседателската функција во Основниот суд Скопје 1. На сегашниот претседател Владимир Панчевски мандатот му истекува в недела.
Дел од медиумите шпекулираат дека најсериозен кандидат за в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 е актуелниот заменик-претседател на судот, судијката Дијана Груевска-Илиевска.
Инаку, Неделкова и Панчевски поднесоа кандидатури за нивен реизбор на досегашните функции, а изборот треба да биде спроведен веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори закажни за 11 декември.
Покрај Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд во Скопје се и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегчиќ, а кандидатури за претседател на највисокиот суд во државата, освен Неделкова, поднесоа и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.