ВМРО-ДПМЕ денеска во Крива Паланка, СДСМ во Битола, а ДУИ во Куманово

Сподели

partii

На 13. ден од изборната кампања политичките партии продолжуваат со митинзите и средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржат митинзи во Кратово во 12 часот, во Пробиштип во 17.30 часот и во Крива Паланка во 20 часот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со Коалицијата „За живот во Македонија“ денеска митинзи ќе одржи во Ресен во 17 часот и во Битола со почеток во 19.30 часот.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ќе одржи конференција за медиуми во Тетово за досегашниот тек на кампањата, а претседателот на партијата, Али Ахмети, ќе има средби со граѓаните во општина Чаир, а централен собир ќе има во Куманово.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Изборната единива 1, Ден Дончев од 12 до 14 часот ќе има средби со граѓаните на Аеродром, пред трговскиот центар „Бисер“, како и во Кисела Вода.

Карванот на Коалицијата „За промени и правда“, предводена од Демократскиот сојуз, денеска во 13 часот ќе одржи митинг во Радовиш, а потоа претставници на коалицијата ќе имаат средби со жителите на селата Дедино и Ракитец, а во 17 часот ќе биде одржан митинг во Конче.

meta.mk