Дончев: Mерки за заштита на граѓаните од загадувањето

Сподели

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија денеска на средби со граѓаните на Аеродром и на Кисела Вода зборуваше за платформата на дејствувањето на коалицијата, пред се за загадувањето на воздухот, иселувањето на младите и за спортот.

dd

– Загадувањето е проблем со чии последици се соочува и градот, како и поголемиот дел од државата. Жителите овде плаќаат највисоки комуналии и наместо инвестирање во мерки за заштита од загадувањата на воздухот во Аеродром и Ново Лисиче, сведоци се само на непродуктивни инвестирања на нивните пари. Мора веднаш да се преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните, рече Дончев.

Осврнувајќи се на иселувањето, истакна дека мора да се каже „стоп за иселувањата“. – Како да зборуваме за проблемот на напуштањето на просторите на малите и неразвиени општини и мерки за рамномерен развој кога се празнат и  најголемите и најбогати општини, рече Дончев, кој притоа се осврна и на состојбата во спортот.