Прва национална ЛГБТИ конференција во Македонија

Сподели

lgbt

Денеска во организација на Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт“, ќе се одржи конференција за ЛГБТИ, на која за првпат на толку високо ниво, дипломати и претставници на политички партии и на институции и граѓански организации, ќе дебатираат за зајакнувањето на политичкиот дијалог за ЛГБТИ во Македонија, низ сесиите за политичката застапеност на ЛГБТИ и за соработката за заштитата на ЛГБТИ правата и еднаквоста.

Воведничари на конференцијата ќе бидат  амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп и заменик амбасадорот на Република Франција, Доминик Готје, како и лидерот на здружението „Субверзивен фронт“, Антонио Михајлов.

На првата сесија за политичката застапеност на ЛГБТИ ќе учествуваат Ивон Величковски (ЛП), Мариглен Демири (Левица), Драгана Кипријановска (Демократски сојуз), Никица Корубин (ЛДП), Лилјана Поповска (ДОМ) и Радмила Шекеринска (СДСМ).

На втората сесија за соработката во заштитата на ЛГБТИ – правата и еднаквоста говорници ќе бидат Ива Михајловска (Канцеларија на Народниот правобранител), Орхидеја Каљошевска (Секретаријат за европски прашања), Ѓултен Мустафова (Министерство за труд и социјална политика, Александра Богдановска (Коалиција „Сите за правично судење“), Натали Петровска (адвокатка).