Американскиот претседател Доналд Трамп официјално го именуваше Рекс Тилерсон за нов државен секретар на САД.
Тилерсон е милијардер и извршен директор на нафтениот гигант „Ексон мобајл“.
Советничката на Трамп, Келијан Конвеј, вчера изјави дека Тилерсон е примамлив како кандидат бидејќи склучувал деловни договори со Русија, а исто така имал долгорочни односи со руските државници.