На 106 години почина Тајрус Вонг, авторот на „Бамби“

Сподели

Тајрус Вонг, уметникот кој го создаде еден од најгледаните анимирани филмови „Бамби“, почина во петокот на 106-годишна возраст. Тој ќе остане запаметен како еден од најславните уметници во историјата, иако искусил многу дискриминација и нетолерација.

Вонг беше прославен уметник, сликар, калиграфер и илустратор, кој работеше за Холивуд долги години. Но, тој не доби признание за својата работа се до неговите 90-ти. Поради нетолерацијата во тој период кон кинеските имигранти, не му било дозволено да ја претстави својата работа со неговото име. За време на неговата кариера, Вонг цртал скици за десетици филмови помеѓу 1930-тите и 1960-тите, вкучително за „Rebel Without a Cause“ и „ The Sands of Iwo Jima“. Сепак, „Бамби“ бил неговиот врв на  кариерата.

Вонг беше одговорен за надреалниот изглед на шумата во филмот, инспириран од династијата Сонг. Волт Дизни се воодушевил од дизајните на Вонг, и лично го одбрал да биде (неофицијално) уметникот за филмот. Но, Вонг беше отпуштен за време на штрајк во 1941 година, и покрај тоа што не учествувал. Кога „Бамби“ беше објавен во 1942 година, филмот добил огромни пофалби за дизајнот, иако човекот кој го создал, доби само признание на позадински уметник.

Од тогаш, Дизни започна да го признава придонесот на Вонг со бројни изложби и документарни филмови.

radiomof.mk