Македонската ракометна репрезентација вчера во Мец го совлада тимот на Тунис со резултат 34 – 30 и со победа го почна настапот на Светското ракоментно првенство што се одржува во Франција.
Најефикасен стрелец на мечот беше капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, кој постигна 12 гола, а по седум запишаа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов. Кај селекцијата на Тунис најефикасен беше Теџ Исам, со седум гола.
Првото полувреме репрезентацијата на Македонија го заврши со еден гол негатива (13 – 14), но второто го доби со пет гола разлика (21 – 16), за конечен резултат од 34 – 30.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра задутре против Ангола.