Обама ја укина политика на отворени врати за кубанските мигранти

Сподели

Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ја укина петдецениската „политика на отворени врати“ за кубанските мигранти, јавуваат американските медиуми.

Од 60-тите години на минатиот век, за кубанските мигранти важеа посебни правила, според кои им се овозможуваше брзо добивање американско државјанство, а отсега за Кубанците ќе важат слични правила како и за другите жители на Јужна Америка.

– Отсега Кубанците што сакаат да влезат во САД илегално, ќе бидат изложени на исти правила како и другите мигранти – изјави Обама.

Во САД живеат околу 1,8 милиони Кубанци кои имаат американско државјанство.

meta.mk