Републиканците бараат излегување на САД од ОН и СЗО

Сподели

 

Републиканските пратеници во американскиот претставнички дом предложија резолуција по која САД треба да ги напишти Обединетите нации.

Во документот кој се води како „Враќање на американскиот суверенитет“ кој го претстави Мајк Роџерс се бара Вашингтон да донесе одлука за целосно напуштање на меѓународната организација како и седиштето на ОН да се дислоцира од Њујорк.

Со резолуцијата се предлага и напуштање на Светската здравствена организација, поради како што се наведува да не се трошат парите на американските даночни обврзници.

Иста резолуција беше поднесена и во 2015 година, но тогаш не помина.