Педро Алмодовар претседател на жирито на овогодишниот Кански фестивал

Сподели

Алмодовар има 35-годишно искуство во кинематографијата, а од 2001 година е почесен член на Американската академија на науките и уметностите

ПАРИЗ (AA) – Организаторите на филмскиот фестивал во Кан најавија дека шпанскиот режисер Педро Алмодовар (67) ќе биде претседател на жирито, кое слави 70 години од своето постоење, јавува Anadolu Agency (AA).

Пјер Лескур и Тиери Фремо денес изјавија дека Кан со задоволство ќе го поздрави единствениот и исклучително популарен уметник: „Неговите дела пронајдоа свое засолниште во историјата на филмот“.

Алмодовар има 35-годишно искуство во кинематографијата, а од 2001 година е почесен член на Американската академија на науките и уметностите. Двапати доби Оскар, во 1999 за најдобар странски филм е прогласен „Сѐ за мојата мајка“, додека во 2002 година ја доби наградата за најдобро оргинално сценарио за филмот „Зборувај за неа“.

Меѓу актерите што настапувале во неговите филмови, кои се единствен спој на црниот хумор, поп културата и сексот, се Пенелопе Круз, Хавиер Бардем и Антонио Бандерас.

Алмодовар порача дека ќе се посвети, со тело и душа, за да биде на висината од задачата и дека е благодарен, почестен и малку преоптоварен откако организаторите на Канскиот фестивал му укажаа голема доверба.

Овогодишниот Кански фестивал ќе се одржи од 17. до 28. мај.