Во Националната галерија Чифте амам, вечер ќе биде отворена изложбата на фотографии во црно-бела техника од Доминик Готје, прв советник во Амбасадата на Франција во Скопје.
Изложбата се состои од 70 портрети на жени, мажи и деца од народите кои живеат во Долината на реката Омо, на границата меѓу Етиопија, Јужен Судан и Кенија, изработени за време на две патувања на Готје во оваа област, во 2006 и 2007 година, додека бил на функција во Амбасадата на Франција во Адис Абеба.
Изложбата „Народите од Долината Омо“ ќе биде отворена до 26 февруари.