Прес конференција на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ:
На денешната седница на Советот на Скопје ќе се разгледува извештајот за извршувањето на буџетот од минатата година. Извештајот, како и сите години претходно, покажува дека главна преокупација на Коце Трајановски му бил раскошот и луксузот на Никола Груевски.
Се трошеше за барокни фасади, плоштади, фонтани, луксузни административни згради и за други непродуктивни трошоци. Коце Трајановски немаше пари за мерки за намалување на загадувањето, подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност, ниту пак за нови мостови и главни сообраќајници.
Веднаш ќе ја запреме изградбата на Панорамското тркало
Веднаш ќе ја запреме изградбата на и на барокните фасади и како и на сите други пропратни објекти кои се дел од Скопје 2014.
Парите на граѓаните на Скопје ќе се пренасочат за мерки за намалување на загаденоста, за повеќе паркови и зелени површини, за нови средни училишта, за нови мостови, за нови сообраќајници, за нови проекти кои се од најголемо значење за граѓаните на Скопје.