Бујар Oсмани: ДУИ одлучи да влезе во владата на СДСМ

Сподели

Демократската унија на Албанците на седницата на Централното претседателство, доцна синоќа одлучи да учествува во новата Влада предводена од СДСМ, изјави портпаролот Бујар Османи.

– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на граѓаните и да учествува во владата. Бараме Иванов да го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев – рече Османи во текот на состанокот на Централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица.

Според него, таква е волјата на мнозинството Албанци во Македонија. Османи рече дека ДУИ останува посветена на точките од Декларацијата на Албанците, за која нагласи дека е потпишана во Скопје. Тој рече и дека Декларацијата, односно платформата, не го загрозува унитарниот карактер на државата и не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор.