Без образложение седницата на Советот на јавни обвинители закажана за денеска беше одложена. Претседателот на Советот, Петар Анески не се симна да даде изјава и го прати обезбедувањето да ги извести медиумите да не чекаат изјава. Најави дека седницата ќе се одржи во четврток.
На седницата како што најави Анески требаше да се расправа за повлекувањето на обвинението на СЈО за предметот „Пуч“.
Јанева по претходната седница на Советот не изнесе детали за тоа дали на барање на Советот ќе му го дадат предметот „Пуч“.