По одложувањето во вторникот, за денеска е закажана седница на Советот на јавни обвинители, пренесува 24 Вести. Во вторникот претседателот на Советот, Петар Анески ја одложи седницата без образложение.
Тој минатата недела, по петочната седница на Советот, најави дека покрај расправата за повлекувањето на обвинението за „Пуч“, ќе се дискутира и за предметот „Сопот“.
Покрај тоа, од Советот не ја исклучуваат можноста да биде разгледана и претставката од судијката Татјана Михајлова од скопска единица, за однесувањето на Фетаи и Јанева на подготвителното рочиштето за случајот со општина Центар, на кое двете обвинителки заработија и парични казни по 2 илјади евра.